„Газета“ тврди: Фонсека не може да го поднесе „шефот“ Ибра

672

„Газета дело Спорт“ излезе со информација за причините за конфликтот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Пауло Фонсека во Милан. Претходно беше објавено дека Фонсека може да добие отказ доколку загуби од Интер во 5. коло од Серија А.

Според италијанскиот весник, тензијата меѓу Фонсеко и Ибрахимовиќ не е само поради спортските резултати. Се споменуваат три инциденти кои довеле до влошување на нивната врска. Првиот се случи за време на претсезоната кога Фонсека изјави дека преодниот рок на Милан ќе се затвори со потписот на Јусуф Фофана, а неколку дена подоцна, за време на прес-конференцијата Ибрихимовиќ изјави дека преодниот рок ќе се затвори кога тој ќе го каже тоа. Фонсека го пријавил Ибра кај клупското раководство за омаловажување.

Другите два инцидента се случиле зад затворени врати во Миланело. Првиот во пресрет на првиот натпревар на Милан во Серија А против Торино (2:2), кога Ибрахимовиќ наводно ги собрал играчите и разговарал со тимот без тренерот. Нешто слично се случи и пред натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите (1:3), кога Златан се појави во клубот за првпат по две недели. Забележано е дека тој ги прашувал играчите како им е со Фонсека.

ПретходноКФСМ најави соодветни казни за актерите во тепачката на мечот ТФТ – Чаир
СледноТебас: Барселона ќе биде казнета за „Негреира“, но не толку строго како што сакаат во Мадрид