Првиот човек на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас верува дека Барселона ќе биде казнета за случајот „Хозе Негреира“.
„Кога дознав за случајот, како адвокат, првото нешто што го помислив е дека во однос на мерките на спортско ниво, застареноста е факт, тоа е реалноста. Тоа не значи дека не работиме на истрагата. Поднесовме претставка до обвинителството бидејќи сметаме дека овие прашања бараат итно расчистување. Според мене, и тоа јасно го кажувам, до денес не е докажано дека овие пари оделе кај судиите и верувам дека тоа нема да се докаже. Барселона го платила Негреира како штто велат тие за неговите извештаи, но мислам дека тоа не е така. Мислам дека платиле и повеќе затоа што верувале дека тој може да влијае на назначувањето на судиите. Ова е спортска корупција, но не на ниво на поткуп на судии – тоа нема да се докаже“, смета Тебас.
Тој твриде дека Барселона ќе биде казнета, но не толку строго како што очекуваат во Мадрид.