И во руските медиуми во фокусот од пријателскиот натпревар Македонија – Русија (2:3), за фудбалери до 21 година кој се одигра вчера во Скопје се четирите пенали кои ги досуди главниот судија Игор Стојчевски.
Реакцијата на фудбалерите на теренот, навивачите на трибинат, рускиот коментатор (имаше пренос за Русија), но и видео материјалите кажуваат дека нешто “ненормално“ се случи на споменатиот контролен меч. Спорни и со реакции на засегнатите страни сите 4 одлуки по кои беше покажан удар за најстрога казна. Во руските медиуми утрово излезе и интересна изјава за порталот „Мач“ на рускиот репрезентативец Матвеј Бардачев.
„Противникот се бранеше по централниот блок и изведоа неколку контри по наши грешки. Мислам дека на овој натпревар судијата беше главната разлика на теренот. Не ние или фудбалерите на Македонија. Четири пенали – Тоа не е фудбал!“,истакна репрезентативецот на Русија.

Од нашиот национален тим без став за спорните одлуки и покрај тоа што Русија поведе со 0:2 со два гола од пенал а притоа нашите фудбалери имаа неколку шанси и играа добро. Впечаток е дека доколку немаше пенали ќе немаше и пораз за избраниците на новиот селекор Александар Таневски.
Нашиот национален тим се сели во Битола каде на 1 октомври игра квалификацикси меч со Црна Гора. Штета за добрата игра и поразот (не по своја вина), од Русија.










