Ова се пеналите на дуелот Македонија – Русија (У21), играчите и публиката во шок! (ВИДЕО)

0

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Сепак, она по што веројатно ќе се памети овој дуел се четири досудени пенали.

Два пенали беа досудени за 0:2 за Русија, а нашите момци покажаа навистина подобра игра. Играа, правеа шанси, ама губеа поради два спорни гола од пенали. Избраниците на Таневски покажаа квалитет и желба за игра многу повеќе отколку во времето на Станиќ. Малку е чудно што дома на домашен терен со домашен судија, а беа досудени така “лесни” пенали за Русија, која впрочем настапи и со повозрасни и со поискусни фудбалери.

Како изгледаа сите, видете на видеата во продолжение:

ПретходноМанчестер Ј. „кокерира“ со Еди Хау, кој пак сака да стане селектор на Англија