Манчестер Ј. „кокетира“ со Еди Хау, кој пак сака да стане селектор на Англија

25

Еди Хау би можел наскоро да се врати на тренерската работа, а како две можни опции за неговата иднина се споменуваат Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација.

Хау моментално е без ангажман откако на крајот на јули го напушти Њукасл, клуб со кој во 2025 година го освои Лига купот, а двапати обезбеди и пласман во Лигата на шампионите.

Неговото име и претходно се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а актуелните информации повторно ја отвораат можноста Хау да се врати на „Олд Трафорд“. Според британски извори, тој би бил подготвен да ја разгледа понудата доколку официјално биде контактиран од раководството на клубот.

Втората опција е англиската репрезентација. Хау и претходно беше споменуван како потенцијален наследник на селекторската функција, но досега не ја презеде Англија.

ПретходноЈувентус го врати голманот кој бранеше во Торино пред 9 години
СледноОва се пеналите на дуелот Македонија – Русија (У21), играчите и публиката во шок! (ВИДЕО)