МЗТ Скопје тргна победнички во АБА2-лига !

93
Фото: АБА2 лига/Данаил Петровиќ

МЗТ Скопје со победа ја стартуваше новата сезона во АБА2-лига. Актуелниот македонски првак на дело ја опрвда фаворитската улога против Тиват, на домашен терен го совлада со 68-50.

Фото: АБА2-лига/Данаил Петровиќ

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа добро во првото полувреме кое беше скромно по вкупниот број на поени. МЗТ Скопје на одморот водеше со 35-24. Гостите на стартот на третата четвртина дојоа на негатива од пет поени 35-30, но тука и застанаа. Следеше кам-бек на македонскиот тим за плус 14 (44-30) и фаќање на победнички ритам.

Потврда за победата дојде во првите пет минути од последната четвртина во која МЗТ Скопје отвори со 10-2 за 58-39. До крајот „сино-белите“ ја имаа полесната задача, рутински да го приведат мечот во своја корист.

Војдан Стојановски со 13 поени, шест скока и две асистенции беше прв стрелец, зад него беше Баковиќ со 12 поени и 8 скока.

ПретходноКрос за недосудениот пенал на ЕП: На УЕФА и требаа три месеци да сфати нешто што сите го видоа во секунда
СледноСтрумица покажа „заби“ во Атина, но Олимпијакос беше пресилен