Младата Ведрана Тунески освои злато на Е2 Тирана Опен

69

Македонската репрезентативка во таеквондо, Ведрана Тунески освои златен медал на Е2 Тирана Опен за Кадети во категоријата до 41кг. Ведрана е репрезентативка и член на ТКД Бутел. Таа успеа да оствари четири фуриозни победи на Е2 најсилно рангиран младински таеквондо турнир во светското младинско олимписко таеквондо.

Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство. Денеска во Албанија во финалето успеа да ја совлада најдобрата таеквондистка на планетата во нејзината категорија, Вирџинија Ламптис од Италија.

ПретходноОдбојкарките на Работнички засилено се подготвуваат за дебито во Лигата на шампионите
Следно„Бомба“ во најава“: Манчестер Јунајтед го посакува Александар Митровиќ!