Дресот на Леброн e продаден по трет пат во последните пет години, овој пат за 1.300.000 долари

31

Дресот што Леброн Џејмс го носеше како средношколец е продаден за рекордна цена од 1.300.000 долари.

Дресот од школата Сент Винсент-Сент Мери, кој го носеше Леброн и прославен на насловната страница на легендарниот магазин „Спортс илустрејтед“ во 2002 година, е продаден по трет пат во последните пет години.

Аукцијата ја организираше „Julien’s Auctions“ од Беверли Хилс, а го привлече вниманието на голем број колекционери ширум светот.

Леброн во последниот натпревар од сезоната постигна 32 поени во овој дрес и тоа го означи почетокот на неговиот пат во НБА.

ПретходноИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА
СледноПетровиќ: Можам да ветам дека ќе играме убава кошарка!