Магдебург и Веспрем во финалето на Светското клупско првенство во Каиро

31

Ракометарите на Магдебург и Веспрем ќе играат во големото финале на Светското клупско првенство во каиро, Египет. Денеска во полуфиналните пресметки, Магдебург со голем пресврт во вториот дел успеа да го надигра домашниот Ал Ахли и на крајот да дојде до победа од 28:24, иако на полувреме Египќаните имаа предност од 12:15.

Претходно, Веспрем во првото полуфинале славеше над Барселона со 39:34 по продолженијата од по пет минути. По големата борба во регуларниот дел мечот заврши 29:29, а трагичар на каталонците беше Алеиш Гомез, кој промаши пенал на десетина секунди пред крајот. Во продолженијата подобро се снајдоа избраниците на Чави Пасквал, па унгарскиот шампион обезбеди финале.

ПретходноПо судирот на дербито со Реал: Ле Норманд има потежок потрес на мозокот
СледноЛШ: Брест покажа дека е махер за Австријци, Штутгарт не успеа да ја победи Спарта (ВИДЕО)