ЛШ: РК Вардар со победнички мисли против тимот на “својот“ Парондо!

99

Тоа ти е судбина. Откако по цели пет години РК Вардар се врати во ракометната Лига на Шампиони, уште на првиот меч и тоа на гости ќе мора против Роберто Гарсија Парондо, против Шпанецот кој беше стратег на “црвено – црните“ во таа епска 2019 година кога и стана победник во ЛШ.

Мелсунген – Вардар вечерва од 20:45 часот во меч од групата „Б“, бо која синоќа Нант по голема драма славеше против Висла.

Ова е меч и за емоции кај сегашниот тренер на Вардар, Иван Чупиќ. Како играч на Вардар во тоа финале во 2017 година токму тој беше стрелецот на победничкиот гол против ПСЖ, кога беше освоена првара титула.

Чупиќ се враќа во ЛШ со Вардар, но сега како тренер и ова ќе му биде прв меч во елитната ракометна лига, како стратег на некогашниот двоен европски првак.

Од таборот на нашиот шампион во изминатите денови истакнуваа дека Мелсунген е силен тим, дека игра дома, можеби е во предност, но и тоа дека РК Вардар има што да покаже вечерва.May be an image of football, soccer and text that says 'NEXTGAME NEXT GAME MoA MOZZ 510 KeTypa 10 ASINOSAUSTRIA ASINOS AUSTRIA Kempa 60 B สกสุท 93 CASINOSAUSTR CASINOS AUSTRI International InternationaNacedonia 0a Macedonia TNOS INOSAUSIII AUSTI msti Yoous LT yMT PK·BAPAAP. B 1961 MELSUNGEN (2026 SEP 2026 VS VARDAR 20:45 10'

А дека Мелсунген и не е така непобедлив за Вардар доказ е тоа што минатата сезона во Лигата на Европа, двапата беше поуспешен. Чупиќ нема да може да смета на суспендираниот Митровиќ, тоа значи дека Вардар без важен играч ќе мора да игра.

Сепак Чупиќ се очекува да изготви соодветна тактика за да неговата чета и без Митровиќ успее да дојде до добар резултат на првиот меч сезонава во Лигата на Шампионите.

ПретходноФлоријан Кадриу со трансфер во Белинцона!(ФОТО)
СледноБугарија е архивирана: Одбојкарите со мислите кон Украина!(ФОТО)