Вчера на првиот меч од ЕП 2026, нашата најдобра одбојкарска селекција беше поразена со 3:0 од домашната и силна селекција на Бугарија. И покрај поразот, избраниците на селекторот Јошко Миленкоски имаа добар настап, одиграа во рамките на своите можности, пружија достоинствен отпор протв светскиот вицешампион.
Но, тоа е зад нив. Бугарија е архивирана, сега сите мисли се кон утрешниот дуел со Украина во рамките на 2.коло, натпревар кој се игра утре од 15 часот.
Утринава под водство на селекторот Миленкоски, нашите одбојкари во добра амосфера тренираа.










