Одбојкарките на Работнички вечерва на реванш со Волунтари во ЛШ

50

Одбојкарките на Работнички вечерва во 18 часот ќе го одиграат реванш натпреварот од 3. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција и тоа на гости во Романија, против тамошниот првак Волунтари. Нашите шампионки на првиот дуел во Струмица пред една недела беа убедливо поразени со 3:0, па Романките и вечерва се големи фаворитки за победа.

Сепак, во составот на тренерот Деспотовски има расположение да се покаже добра одбојка и да се собира искуство од меѓународната сцена за следните предизвици.

“Првпат во нашата женска одбојка се организира настап во ЛШ, што е доволен показател дека апетитите растат. Македонската одбојка е во подем и нам како играчи ни се дава шанса за едно големо искуство, пред се. Притисокот и возбудата се големи, противничката екипа е доста поискусна, ние имавме многу осцилации, што верувам ќе биде коригирано за реваншот. Очекувам на возвратниот меч да влеземе со поголема самодоверба. Тренерите ќе направат добра видео анализа на противникот и секоја од нас, ќе тргне сама од себе, со цел да постигнеме подобар резултат“, изјави пред заминување за Романија, либерото на Работнички, Фросина Трајковска.

Работнички без разлика на елиминацијата од Волунтари ќе остане во Европа уште два меча и тоа во ЦЕВ Купот, каде повторно за ривал ќе има романски тим.

ПретходноДембеле ќе ја добие „седумката“ на Гризман во репрезентацијата на Франција
СледноКлоп од нова година со нова работа: Ќе биде стратешки менаџер на клубовите на Ред Бул