Пандев, Лазаров и Иџе нема веќе да рекламираат обложувалници, казина и брзи кредити!

387

Македонските спортски легенди се откажале од рекламирање на обложувалници, казина и брзи кредити. Ова денеска на прес – конференција го кажа министерот за спорт на Р. Македонија, Борко Ристовски.

Министерот одржа прес – конференција на која главна тема беше 100 влада во ресорот спорт.

Како што кажа Ристовски, легендите Горан Пандев, Кире Лазаров и Игор Стефановски – Иџе во иднина нема веќе да рекламираат обложувалници, казина и брзи кредити. Тој лично разговарал со нив на оваа тема и тие се согласиле во иднина веќе тоа да не го прават. Треба да се каже дека Лазаров веќе извесно време не се појавува како промотор.

Тој истакна и дека нема ништо спорно компанииите кои се занимаваат со оваа дејност да финансираат федерации и клубови.

ПретходноНовак фантастико: Ѓоковиќ го “реши“ Сафиулин и се пласира во 1/4 финалето во Шангај!
СледноДешамп во отсуство на Мбапе именуваше нов капитен на Франција!