Откако Карлос Корберан пред неколку дена доби отказ во Валенсија, се чини дека веќе се знае кој ќе биде новиот тренер на Столе Димитриевски. Утринава медиумите во Шпанија потенцираат дека тоа ќе биде Хавиер Агире, досегашниот селектор на Мексико.
Се пренесува и тоа дека има договор меѓу двете страни, останува само да разрешат некои детали и секако официјалниот потпис.
Агире и тоа како има искуство како тренер во Ла Лига. Беше предводник на Осасуна, Атлетико Мадрид, Еспањол, Сарагоса, Легањес и Мајорка.
Инаку и покрај добрите, па и фантастични одбрани на Македонецот, јасно им е на сите дека нашиот Столе е во одлична форма, некогашниот гигант од “Местаља“ имаше неверојатно лош старт на сезоната.
Па токму затоа повикан е искусниот Агире да спасува.










