По 147 години: Вимблдон со историска одлука, нема веќе да има линиски судии!

80

Историска одлука на организаторот на најголемиот тениски турнир во светот. Имено првите луѓе на Вимблдон одлучиле следното лето на мечевите на овој грен – слем да нема линиски судии. Ова ќе биде за првпат по цели 147 години откако се игра тенис на Вимблдон.

Лицата кои досега беа линиски судии ќе ги замени вештачката интелегенција. Одлучено е новиот систем да се инсталира на сите 18 терени на Вимблдон, како и на Централниот терен на кој се играат најважните мечеви.

Инаку ова не е ништо ново за некоу други тениски турнири, но посебно е важно поради традицијата дека и Вимблдон се вклучува во модерните времиња.

Едноставно се сака по секоја цена да се избегнат можните човечки грешки.

ПретходноДориев уште две години во Согдиана!
СледноИздаден налог за апсење на Слотер, ако биде прогласен за виновен, Реал ќе остане без трофеи