Откриена е причината за смртта на фудбалерот на Пао!

642

Страшната вест од Атина, за смртта на фудбалерот на Панатинаикос, Џорџ Балдок просто ја шокираше спортската а пред се фудбалска јавност во светот.

Попладнево новите информации велат дека откриени се причините за смртта на познатиот играч.

А тие велат дека причината била давењето во базенот во вилата каде што престојувал. Телото го пронашол сопственикот на објектот во населбата Глифада во Атина.

Ова го потврди и обдукцијата на телото на починатиот фудбалер, на која не се пронајдени криминални активности. Кога дошла полицијата, покрај базенот имало шише со алкохол, а од неговата уста течела вода, појава која е најчеста кај тие лица што се удавиле. Инаку телото било пронајдено на дното на базенот. 

ПретходноСтартниот состав на Македонија: Во нападот со Миовски и Елмас, во дефанзивата тука се Муслиу и Манев! (ФОТО)
СледноПОВЕЌЕ ОД 1 МИЛИОН ЕВРА, ДОБИЈА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ ВО СЕПТЕМВРИ