Со две победи против Работнички и Брегалница и без примен гол, Тиквеш го освои 24-тиот мемориојален турнир „Вуко Каров и Тиквешките легенди“ кој се одржа денеска во Кавадарци.
Вообичаено се играше секој со секого по “италијански систем“ по 45 минути.
Прво Тиквеш со 2:0 го совлада Работнички со головите на Стојанов и Спахиу, потоа домаќинот славеше и против Брегалница со 1:0 со голот на Чубара, за да во последниот меч Работнички славеше против Брегалница со 2:1.
Секако дека убаво е што традицијата се одржа, овој турнир и тоа како добро му дојде на тимот на Ѓорѓи Мојсов колку толку да ја врати самодвербата во пресрет на продолжение од сезоната и Тиквеш да покаже дека знае да постогнува голови.










