Веспрем си поигруваше со Динамо, Висла повторно со празни раце

112

Унгарски Веспрем го совлада романски Динамо Букурешт со огромни 36-24, во првиот од денешните дуели од 4. коло во Лигата на шампионите.

Домашните својата доминација ја покажаа уште во првиот дел кога момците на Чави Пасквал направија 8 гола предност (19:11). Иако Веспрем го започна второто полувреме со играч помалку поради исклучувањето на Патрик Лигетвари, одбраната на тимот остана фантастична, а Динамо немаше посебни шанси за пресврт.

На крајот Динамо целосно се распадна и шест минути не постигна гол. Ремили со 6 и Лангаро со 5 гола беа најефикасни на средбата.

Ракометарите на Висла Плоцк и по ова коло заедно со Фредериција останаа без освоен бод во групата „А“. Полскиот состав беше тесно поразен на гости кај Фухсе Берлин со 25:24.

ПретходноОд плус 16 до продолжение и пораз: МЗТ Скопје „падна“ во Загреб
СледноМилевски: Задоволен сум, полека градиме физиономија како што треба да изгледа овој тим