Инцидент во Евролигата: Летаа боксови на „турското дерби“ (ВИДЕО)

460

На натпреварот меѓу Анадолу Ефес и Фенербахче во второто коло од Евролигата се случија и немили сцени, а главни актери беа Елајџа Брајант и Тарик Биберовиќ.

Инцидентот се случи во третата четвртина, кога по нападот на Фенербахче на паркетот завршија Биберовиќ и Брајант. Кошаркарот на Фенербахче побара прекршок од судијата, бидејќи Брајант падна преку неговите нозе. Биберовиќ потоа го фати Брајант за глава, додека Ефес почна да напаѓа, а физичкиот конфликт меѓу двајцата кошаркари продолжи, па сите скокнаа да ги разделат.

По гледањето на видеото, судиите решија да ги исклучат двајцата играчи, па турското дерби продолжи, а на крајот победија кошаркарите на Фенер со 78:83.

ПретходноАлими: Три гола, три бода… тоа е најважно!
СледноФото на денот: Дијамантот повторно во елемент!