Милевски: Задоволен сум, полека градиме физиономија како што треба да изгледа овој тим

169

По втората победа во треѕиот настап во Лигата на нации, селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференцијата по средбата истакна дека тимскиот дух беше пресуден за одличниот настап и резултат.

„Секако, задоволен сум од резултатот и од пристапот и од желбата на нашите момци. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот. Сите аномалии ќе ги решаваме во чекор. Имавме картони, повреди и вирус, но исконтролиравме се и победивме.  Ова е победа е на фудбалерите. Тие се заслужни. Почнавме да го градиме овој натпревар по оној пораз од 7-0 во Манчестер и тимот добива физиономија како што сакам да изгледа мојот тим. Секогаш тежнеам за нешто повеќе, но работата на тимот полека дава резултати“, изјави Милевски пред новинарите во Рига.

ПретходноВеспрем си поигруваше со Динамо, Висла повторно со празни раце
СледноАтанасов: Многу важни три бода, среќни сме што изгледаме добро на терен