Страшната вест од Атина, за смртта на фудбалерот на Панатинаикос, Џорџ Балдок просто ја шокираше спортската а пред се фудбалска јавност во светот.
Попладнево новите информации велат дека откриени се причините за смртта на познатиот играч.
А тие велат дека причината била давењето во базенот во вилата каде што престојувал. Телото го пронашол сопственикот на објектот во населбата Глифада во Атина.
Ова го потврди и обдукцијата на телото на починатиот фудбалер, на која не се пронајдени криминални активности. Кога дошла полицијата, покрај базенот имало шише со алкохол, а од неговата уста течела вода, појава која е најчеста кај тие лица што се удавиле. Инаку телото било пронајдено на дното на базенот.










