Македонија со водство од 0:1 го заврши првото полувреме вечерва во Рига на гости кај Летонија во меч од 3.коло во Ц Лигата на Нации во групата 4. Стрелец беше Јани Атанасов во 35.минута, откако претходно прекраско искомбинираа Барди, Елмас и Миовски. Добро е, барем според резултатот иако искрено не одигравме нешто посебно.
Треба да се каже дека во 4.минута Столе Димитриевски за малку ќе постигнеше чудесен гол од 70 метри. Нашиот голман силно дегажираше, но радоста ја скрати истрчаниот домашен голман со интервенција во последен момент.
Летонија имаше две големи шанси, од друга страна ние во неколку наврати од далечина се заканивме.
Па така на пауза се замина со тие 0:1 за Македонија.










