Вардар е во 1/4 финалето на Купот на Македонија. Вардарци попладнево на Арената во Скопје, во меч од осминафиналето во Купот, успеа со 2:0 да го победи Тиквеш и со тоа да го елиминира актуелниот освојувач на пехарот во ова натпреварување.
Жибрил Дианеси во 76.минута на убав начин го совлада гостинскиот голман Ристе Јанков, потоа и во 90+2. стрелаше и за 2:0 и му донесе победа на својот тим на радост на фановите на Арената.
Ова беше тежок меч за двете екипи. Многу борба, премногу тактика. Тиквеш имаше свои шанси, Вареловски ја погоди и стативата, но кога беше најпотребно избраниците на стратегот Срѓан Захариевски, посебно Дианеси, знаеја како да изреагираат и затоа се во следната фаза на ова натпреварување.
Секако дека пласманот во 1/4 финалето е голем потстрек за сите во Вардар,пред се за враќање на самодовербата во пресрет на следните натпревари во ПМФЛ.