Вечерва во меч од 5.коло во елитната лига на Италија, Олимпија Милано пред своите фанови славеше против составот на Наполи со 89:82. Ова беше четврти триумф досега, но секако дека за нас најважно беше како одигра нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ.
На овој меч Нено, беше во игра 19 минути, постигна само четири поени, имаше и два скока како и пет асистенции.
Се разбира дека овој учинок не е толку лош, но јасно е дека Нено може далеку подобро. Сепак најважно за неговата екипа е што успеа да победи.