Уште едно големо признание: Летечкиот Шортс е МВП во Евролига!

41
Фото: Pars/Basketball

Ти-Џеј Шортс одигра меч за паметење. Натурализираниот Македонец беше главната причина што неговиот Париз славеше против Монако со 87-80 во Евролигата, а зад неговото име запиша дабл-дабл.

Шортс мечот го заврши со 28 поени и 10 асистенции, зад неговото име додаде четири скока, за индексни поени 38.

За плејмејкерот ова е прво МВП признание во Евролига, а неговиот Париз после пет меча има две победи и три порази.

ПретходноВМФЛ: “Лавовите“ убедливи во дербито, тешка повреда на голманот на Борец кој беше префрлен во болница
СледноМареска: Очекував многу од него, а тој потфрлува…