Гостивар и Шар Планина со меморијален натпревар во чест на Ѓорѓи Божиноски – Ѓоке

34

Кошаркарските екипи на Гостивар и Шар Планина одиграа меморијален натпревар во чест на Ѓорѓи Божиноски – Ѓоке, човек кој остави длабока трага во КК Гостивар и во спортскиот живот на градот.

Натпреварот се одржа во спортската сала „Младост“ во Гостивар, во спортски дух и со порака за заедништво, почит и зачувување на споменот на Божиноски.

Настанот имаше и хуманитарен карактер и беше реализиран во соработка со здружението ХЕМА-ОНКО, кое обезбедува поддршка за онколошките пациенти и нивните негуватели.

Со доброволните донации присутните дадоа поддршка за оние на кои им е најпотребна, додека преку кошарката беше одбележан споменот на Ѓорѓи Божиноски.

Организаторите упатија благодарност до сите кои беа дел од хуманитарниот настан, со пораката дека победиле хуманоста, спортот, заедништвото и сеќавањето.

ПретходноПелистер во последната четвртина до победа над ТФТ
СледноМурињо ќе го седне Винисиус на клупата на следниот меч во Ла Лига