Кошаркарите на Пелистер со победа ја започнаа новата сезона во Суперлигата, откако на домашен терен го совладаа ТФТ со 78:70.
ТФТ подобро го отвори натпреварот и по првата четвртина имаше предност од 21:20, а на полувремето гостите водеа со 39:36. По 30 минути игра резултатот беше 55:52 за ТФТ.
Сепак, Пелистер одигра одлична последна четвртина и со серија од 26:15 направи целосен пресврт за конечни 78-70.
Најефикасен кај битолчани беше Крис Мекдауел со 19 поени, а Чарлс Вилсон постигна 14, додека Кристијан Ќириловски додаде 11 поени.
Кај екипата на ТФТ најефикасен беше Сила со 31 поен.










