Мурињо ќе го седне Винисиус на клупата на следниот меч во Ла Лига

0

Жозе Мурињо планира да го остави Винисиус Жуниор на клупата за резерви на следниот натпревар на Реал Мадрид во Ла Лига против Виљареал. Според „Дефенса Централ“, одлуката не е знак дека Португалецот ја загубил довербата во бразилскиот напаѓач, туку обид да му помогне да ја врати формата и самодовербата.

Винисиус има слаб старт на сезоната, а Мурињо сака со краток одмор да предизвика позитивна реакција кај својот напаѓач. Планот е Бразилецот да влезе во второто полувреме против Виљареал, а потоа повторно да се врати во стартниот состав.

Целта е Винисиус да ја врати препознатливата форма пред првото „Ел Класико“ сезонава против Барселона.

ПретходноГостивар и Шар Планина со меморијален натпревар во чест на Ѓорѓи Божиноски – Ѓоке