Одбојкарите на Штип УДГ победнички го отворија и 2. коло од домашната Прва лига во машка конкуренција. Освојувачот на Купот синоќа победи на гости во Скопје против екипата на Работнички 71&22 со 0:3 (18:25, 19:25, 17:25) и ја запишаа и втората победа на почетокот на сезоната.
Денеска ќе се одиграат и преостанатите дуели од второто коло. Шампионот Струмица гостува во Скопје против Јанта Волеј, одека дербито ќе биде во Тетово каде Шкендија го пречекува ГОК Борец.
Во женската Прва лига во 2. коло шампионот Работнички гостува кај градскиот ривал Фит Фан Волеј, додека Наковски Волеј ќе има интересно гостување кај Вардар ЕМ. Вицепрвакот Струмица во ова коло е гостин на новајлијата Ускана во Кичево.
ПРВА ЛИГА – МАЖИ / 2. КОЛО
Работнички 71&22 – Штип УГД 0:3 (18:25, 19:25, 17:25)
Денеска:
18:30 Сушево – Скопје
19.00 Шкендија – ГОК Борец
19.30 Лирија – Вардар 1947
20.00 Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип
20.30 Јанта Волеј – Струмица
Слободна: Македонија Џио
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ / 2. КОЛО
Денеска:
14.00 Ускана – Струмица
14.00 Фит Фан Волеј – Работнички
16.15 Вардар ЕМ – Наковски Волеј
17.00 Младост УГД – Јанта Волеј