Хавиер Агире ќе му биде тренер на Столе Димитриевски во Валенсија

37

Проблемите во таборот на тимот на Валенсија, каде што секако стандарден меѓу диреците е нашиот Столе Димитриевски се решени со тоа што за нов шеф на стручен штаб е доведен искусниот мексикански стратег, Хавиер Агире.

Неговиот менаџерски тим и спортскиот директор Браулио Васкез ги финишираа преговорите успешно и Агире наскоро ќе биде промовиран за но тренер.

Денеска Валенсија на домашен терен го пречекува Реал Сосиедад, а потоа Агире најверојатно и официјално ќе седне на клупата.

Агире не е непознаница за шпанскиот фудбал напротив, веќе ги водеше Осасуна, Атлетико Мадрид, Реал Сарагоса, Еспањол и Мајорка.

Секако, ова нема премногу да смени во статусот на нашиот Димитриевски, затоа што тој веќе извесен период е врој еден во Валенсија.

 

ПретходноПрв Женски ракометен форум: Драгана Цвијиќ остави свој „печат“ во историјата на ЖРК Вардар
СледноЧурлинов одново стрелец за Погон (ВИДЕО)