Лазаров: Честитки за момците, против Грција мораме да бидеме спремни на сите можни сценарија!

52

Македонија вечерва во првиот меч од квалификациите за пласман на ЕП и тоа како покажа сила. Успеа убедливо да го победи Луксембург со 41:23. Меч во Скопје во кој избраниците на селекторопт Кире Лазаров апсолутно доминираа и без никаквби проблеми остварија очекувана убедлива победа.

По мечот селекторот Лазаров истакна дека е задоволен од настапот на своите ракометари:

“Задоволен сум од момците како пристапија кон натпреварот и за она што го работевме во изминатите два дена, немавме доволно време. Требаше да почекаме да се одморат играчите на Вардар и Пелистер по дербито, имавме играч кој за првпат е овде, требаше да го инкорпирираме во системот кој што го играме и не беше воопшто лесно сето тоа да го направиме во три тренинга. Го искористивме максимално времето. Задоволен сум од тоа како системски напаѓавме, секогаш може подобро, може и полошо, но задоволен сум. Задоволен сум од настапот, не е битен резултатот, битен е пристапот и на кој начин играме. Имавме темпо цели 60 минути што не е лесно за наши услови, без разлика што се работи за Луксембург. Им честитам на момците за она договореното што го прикажаа“.

За претстојниот дуел со Грција истакна:

“Мислам дека малку и заштедивме сили за тоа што ни следува со оглед на тоа дека е ек на сезона. Заетедивме сили, имаме сега три дена пред мечот со Грција за да максимално се спремиме. Таму не очекува пеколен меч против една одлична репрезентација која што за баражот за СП ја мина Холандија. Ќе пристапиме максимално сериозно , треба да бидеме спремни на се. Треба да имаме контрола на цела ситуација, можни се многу ситуации, да не кажам сценарија, спортски сценарија пред се. Ќе пробаме психолошки да ја спремиме екипата за она што следува“.

ПретходноЛШ: Реал на „мускули“ до три бода во Атина, Фенер му пресуди на Ливерпул
СледноКузмановски: Ова беше добро загревање за мечот со Грција