Мото ГП: Бањаја го возврати ударот и триумфираше на дождот во Тајланд

28

Возачот на Дукати, Франческо Бањаja, триумфираше на дождливото Гран При на Тајланд, 18-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.

Во Бурирам, актуелниот шампион ја забележа деветтата победа сезонава, со која му го возврати ударот на Хорхе Мартин во борбата за титулата. Токму возачот на Прамак беше најблиску до Италијанецот, а во целта заостана две секунди, додека на третото скалило на подиумот се најде Педро Акоста од тимот на Гас Гас Тех3.

Покрај одличното возење на Бањаја на патот до победата, трката во Тајланд ја одбележа и неговиот дуел со идниот тимски колега Марк Маркез, кого го победи, a потоа осумкратниот светски шампион излета од патеката. Ваквиот исход значи дека Бањаја ја намали разликата со Мартин на 17 бода на две трки пред крајот на сезоната.

ПретходноПМФЛ: Супер – дерби под Шара, Шкендија спрема одмазда, ќе биде „жешко“ на Чаир, забревтаниот Силекс ја дочекува Беса
СледноРаботнички, Наковски В. и Јанта В. наредија по две победи