ГРК Тиквеш ќе брка три гола негатива за да остане на европска сцена

155

ГРК Тиквеш не успеа да дојде до победа на првата од двете средби во ЕХФ Европскиот Куп. Иако македонскиот тим игра на домашен терен, сепак беше поразен од Еш од Луксембург со 27-30. Среќна околност за кавадарчани што и вториот натпревар се игра во салата „Јасмин“ и тоа веќе утре со почеток во 18 часот.

Тиквеш одлично го отвори мечот, после седум минути игра поведе со 5-1, па се чинеше дека улогата на фаворит одлично ја правда и на терен. Но, следеше кам-бек на гостинскиот табор за 5-5. Од овој момент текот на мечот се промени, беше неизвесно со тоа што кавадарчани одржуваа еден до два гола предност. На одморот резултатот беше 14-14.

Гостите во вториот дел се покажаа во многу подобро светло, на стартот го запишаа првото водство (14-15), водеа и со 17-20. Во 48-та минута беше 21-25. Кавадарчани конечно се разбудија за неизвесна завршница, дојде до гол негатива, но не успеа да изедначи.

ПретходноАртета лут на своите фудбалери: Ова не смее да се повтори!
СледноВардар се рехабилитираше против Младост