Веспрем со нова „бомба“ – го носи голманот со најмногу одбрани во ЛШ и екс-играч на Вардар

368

Унгарски Веспрем продолжува да го „тресе“ европскиот ракометен пазар. Пред неколку недели унгарскиот гигант се договори со голманот на Барселона, Емилс Нилсен за трансфер во Унгарија по истекот на неговиот актуелен договор летото 2026 година.
А минатата недела поради повредата на Египќанецот Јехиа Елдера, реагираа експресно и го донесоа исландскиот бек Арон Палмарсон кој веќе дебитираше под палката на Чави Пасквал.
А сега Веспрем спрема уште еден трансфер удар. Сака да го донесе голманот на Фуксе, Дејан Милосављев. Според „Handballbase“ 28-годишниот српски голман, поранешен играч на Вардар, би требало да го засили тимот од 2026 година.
Милосављев моментално е голманот со најмногу одбрани во ЛШ со 62 одбрани пред Родриго Коралес и Фабијан Норстен со по 56 одбрани. Тоа значи дека Веспрем во 2026 година ќе има фантастично дуо на голманската позиција.

ПретходноЕве како Родри славеше со Bella Ciao! (ВИДЕО)
СледноЗахариевски: Вардар мора да биде вистинскиот ако сака победа против Брера!