Мал прекин и „цел плен“ за Вардар од Кавадарци

4

Екипата на РК Вардар е вториот тим кој после четвртото коло остана перфектен. Заедно со Алкалоид имаат четири победи во исто толку одиграни натпревари и го делат првото место на табелата во Супер-лигата.

Актуелниот македонски првак ја оправда улогата на фаворит против ГРК Тиквеш, на гостински терен славеше со 27-35 (14-18).

Домашниот тим беше рамноправен противник во воведните минтути, во кои имаше и водство од 4-2. Но, тука и застана, гостите полека, но сигурно го градеа патот кон победата. Љевар во 10-тата минута реализираше за прво водство 5-6, на стартот на 20-та минута беше 8-12, додека на одморот 14-18.

Второто полувреме не донесе изненадување, Вардар сигурно чекореше кон бодовите. Некаде на пет минути до крај имаше мал прекин на мечот, по повредата на Коцев, кој се судри со Ончев, по нереализираниот седмерец, „Лозари“ фрлија шишиња на теренот, но се брзо заврши.

Матео Фадуил со седум гола беше прв стрелец кај победникот, шест имаше Љевар, додека Валах запиша 11 одбрани. На другата страна Ончев беше стрелец на шест погодоци. 

ПретходноФутсал тимот на Динамо играше на Максимир (ВИДЕО)