Конечно: Тиквеш по 38 дена се враќа во Кавадарци, утре против шампионот ќе игра пред своите фанови!

385

По точно 38 дена, по оној инцидент со Вардар на 22 септември, кога беше суспендиран теренот во Кавадарци, Тиквеш утре се враќа дома и ќе игра пред своите фанови. Во изминатиот дел од сезоната Тиквеш играше во Струмица и Кичево како домаќин. Секако дека овој податојк ќе биде дополнителен мотив за момците на стратегот Ѓорѓи Мојсов утре против Струга Трим Лум да одиграат добро, да успеат да бидат подобри од гостите и секако да дојдат до трите бода.

Инаку по мечот со Вардар, Тиквеш играше против Брера, Силекс, Пелистер, Шкендија, Вардар (куп) и Шкупи и не забележа ниту една победа.

Дали е време конечно за триумф. Трите бода се од витално значење за кавадарчани.

Да потсетиме дека натпреварот со Струга ТЛ се игра утре со почеток од 13 часот.

ПретходноЗахариевски: Вардар мора да биде вистинскиот ако сака победа против Брера!
СледноКуп 1/16 финале: За Елмас петнаесетина минути, Лајпциг во осминафиналето, Леверкузен убедлив!