Кривањева: Не и личи на Струга ТЛ да биде на оваа позиција на табелата!

81

По ремито со Шкендија во Тетово, утре шампионот му гостува на Тиквеш. Мечот се игра во Кавадарци во рамките на 12.коло во ПМФЛ во тековната сезона. Факт е дека Струга ТЛ оваа есен е далеку од посакуваната форма, но иако на табелата е шеста, бодовната разлика меѓу неа и лидерот Работнички е само 7 бода. Така да ништо не е загубено во однос на битката за титулата.

Во пресрет на утрешниот меч, стоперот на стружани Бесарт Кривањева истакна:

По ремито против Шкендија, тимот дише поинаку. Самодовербата е зголемена, можеби и по тој триумф во Купот, додека тоа беше забележано и на последниот меч во Тетово. Доколку повториме таква игра и секако строго се придржуваме до упатствата на тренерот, тогаш верувам дека и против Тиквеш можеме да извлечеме позитивен резултат. Кога велам позитивен резултат, мислам на победа, бидејќи така можеме да се искачиме на табелата. Сметам дека сегашната позиција не и личи на Струга Трим Лум“.

ПретходноШортс со 11 поени во победата на Париз кај Алба!
СледноБез шанса за реванш, Порто го демолираше Вардар