Алкалоид оди по „деветката“, на ГРК Охрид му е потребна рехабилитација

114

Денеска ќе се комплетира деветото коло во Супер-лигата. Поради обврските кон Европа, последни ќе се одиграат мечевите меѓу Пролет – Алкалоид и Куманово – ГРК Охрид, двете средби се закажани во 18 часот.

Алкалоид на мечот против Пролет влегува по одличното издание во второто квалификациско коло во ЕХФ Европската лига и двете победи против Драгунас, и пласманот во 1/16 финалето.

Избраниците на Кирил Лазаров имаа осум победи во исто толку одиграни мечеви и се лидери на табелата, па денеска против Пролет ќе ја бараат деветата победа. На другата страна домаќинот има две победи, две ремија и 4 порази, се наоѓа на осмото место во поредокот.

За разлика од Алкалоид, ГРК Охрид доживеа вистинска катастрофа во Европа. По победата од шест гола на домашен терен, беше демолиран на реваншот кај Труда со 39-29. Па мечот со Куманово ќе биде добредојден како еден вид на рехабилитација.

30.20.2024 – СРЕДА
18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК АЛКАЛОИД
18:00 часот МРК КУМАНОВО – ГРК ОХРИД
ПретходноМакедонија стартува против домаќинот
СледноКонте: Можеме да сонуваме за титулата, но мора да бидеме и реални