Заминувањето на Тен Хаг како да го „воскресна“ Манчестер Ј., Њукасл го преслуша Челзи

1148

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во четвртфиналето на Лига купот откако на домашен терен го совладаа тимот на Лестер со резултат 5:2. Отказот на Ерик тен Хаг даде веднаш и резултат, па под водство на Руд ван Нистелрој како привремен тренер „ѓаволите“ забележаа убедлива победа.

Касемиро „воскресна“ по заминувањето на Тен Хаг, постигнувајќи голови во 15. и 39. минута. Меѓу стрелците се запиша и Алехандро Гарначо во 28. минута, како и двојниот стрелец Бруно Фернандеш кој ја погоди мрежата во 36. и 39. минута.

Кристал Палас направи изненадување во Бирмингем каде со 2:1 ја елиминира Астон Вила.

Понатаму оди и Њукасл кој на домашен терен го елиминира Челзи со 2:0.

„Страчките“ поведоа во 23. минута со голот на Александар Исак, додека конечниот резултат го постави Дисаси со автогол три минути подоцна.

Арсенал беше сигурен во Престон, каде со 3:0 го победи истоимениот второлигаш.

Претходно„Млекарите“ двапати водеа, Јуве на крајот остана само со бод
СледноВисла немоќна пред Веспрем, ПСЖ минимално против Спортинг