Браво Ален: Рустемовски е на чекор до медал на ЕП!

61

Голема и супер вест од ЕП во бокс кое се одржува во Софија. Имено македонскиот боксер Ален Рустемовски е на чекор до освојување на медал. Македонецот денеска во меч од 1/8 финалето славеше против Вилијам Хјуит со 4:1 и со тоа обезбеди пласман во следната фаза, во четвртфиналето.

Ова значи дека на Ален му треба само уште една победа, а ќе боксува во среда на ЕП, да за биде во полуфиналето на ЕП во бокс, што ќе биде фантастичен успех за него, за македонскиот бокс, но и за целиот македонски спорт воопшто.

Секако дека на Ален Рустемовски му посакуваме добра борба и многу среќа во среда во 1/4 финалето на сениорското европско пренство.

Претходно„УСКОК“ изврши рација во Хрватскиот фудбалски сојуз!
СледноТаневски го објави поширокиот список за дуелите со Црна Гора и Шведска