Калиниќ: Плаќаме милион евра за да не крадат судиите!

219

Жалгирис победи во шестото коло од Евролигата (86:84), а победничкиот кош со звукот на сирената го постигна Брајант Данстон. Многумина ќе речат дека не би било реално да постигне кош за 1,3 секунди, а оспорени беа и некои судиски одлуки во финишот.

“Ние сме тажни, се боревме. Можеби не одигравме најдобро, но мислам дека заслуживме да победиме. Како и секогаш, судиите ги решаваат натпреварите со своите одлуки. Не знам колку долго треба да се повторува. Ние не бараме да ни доделат нешто, сакаме да видиме кој е подобар. Мечот заврши со два поени, имаше три, четири одлуки кои директно одлучуваа“, изјави Калиниќ за „Спорт Клуб“. “.

Тој ја коментираше и ситуацијата во која Ален Смаилагиќ не беше фаулиран, иако го удри со лакт во забите.

„Како да го доживеам? Некој те мава со лакт во заби… Наместо неспортска и наш посед, добиваме кош и две фрлања. Тоа е одлука за седум, осум поени. За што зборуваме? Никогаш не сум видел некој натпревар да се реши на тој начин судиите пак да не крадат. Тоа не е моја работа, но…Треба да бидеме подобри за 15 поени за да освоиме два. Не е фер. А потоа доаѓаме, плаќаме милион евра и играме следната година за повторно да нè ограбат судиите“, подвлече Калиниќ.

ПретходноГвардиола на располагање нема цел тим!
СледноПерез не застанува – подготвува два големи потписа!