“Дерби на Македонија“: Многу тактика, голема борба, зицер на Закариќ, на пауза се замина со 0:0!

608

Без голови заврши првото полувреме од “Дербито на Македонија“, од дуелот меѓу Пелистер и Вардар кој вечерва се игра во Битола пред околу 6.000-7.000 гледачи во спектакуларна атмосфера. Ова е последен меч од 13.коло во ПМФЛ и прв во историјата под рефлектори во Битола.

На пауза се замина со тие почетни 0:0, откако видовме многу тактика, игра без ризик, голема борба.

Пелистер во 5.минута се закани преку Мирко Ивановски од далечина, но тоа за Гачевски беше лесен плен.

Неколку минути подоцна вардарци бараа пенал откако Омерагиќ центрираше а топката се одби од еден домашен играч, сепак судијата Јован Качевски покажа само играта да продолжи. Во 43.минута Мицевски спречи голема опасност по голот на гостите откако ја исфрли топката во корнер. Закариќ во 45+3.минута имаше зицер, но сепак топката отиде над голот на домашните.

Да кажеме дека ова дерби почна со интонирање на химната на Македонија која беше испеана од околу 7.000 грла на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола.

Секако да не заборавиме дека и двете навивачки групи, “Чкембари“ и “Комити“ се тука, што на ова дерби му дава посебен шарм. И двете групи имаа свое шоу, по што имаше во неколку наврати прекини во првото полувреме. Капитените Ивановски и Мицевски апелиираа да нив да се навива коректно и без употреба на пиротехника.

ПретходноПрилеп преку Бисинов до планираните бодови
СледноВерона ја „шокираше“ Рома