Два од трите противниците на Македонија на ЕП 2024 се сериозни кандидати за медал!

206

Македонската женска ракометна репрезентација на крајот на ноември ја чека стартот на Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија. 24 тима ќе се борат за висок пласман на континенталното натпреварување.

Македонија ќе игра во Дебрецин, а за противник ги има домаќинот, Унгарија, Шведска и Турција. Токму две репрезентации од нашата група се најдоа во Топ 8 листата на ЕХФ на земји со најголеми шанса да освојат медал. Оваа листа е направена врз основа на резултатите остварени на пријателските мечеви, а Македонија до сега има пет порази во исто толку одиграни меча.

Тоа се репрезентациите на Унгарија и Шведска. Унгарија е петта на оваа листа, додека пак Шведска е четврта. На првото место е Норвешка, зад неа Франција и трета е Данска.

Македонија првиот натпревар од групната фаза го игра на 28. номеври против Шведска, два дена подоцна е мечот со Турција, додека во последното коло од групната фаза ќе игра против Унгарија.

ПретходноАшаданов со десет кошаркарки ги стартуваше мини-подготовките за дуелите со Украина и Португалија
СледноМурињо: Не знам зошто некој би гледал турски фудбалски шампионат!?