Пеп има две алтернативи како замена за Родри во јануари

102

По сериозната повреда на клучниот играч за врска Родри, Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе бара замена за својот лидер во средишниот дел на теренот.

„Граѓаните“ веќе имаат две имиња кои се ставени на списокот на можни замени за Родри, а тоа се Мартин Зубименди од Реал Сосиедад и Самуле Ричи од Торино, Англискиот клуб овие двајца ги смета за најприоритетни опции за компензирање на отсуството на Родри.

Зубименди во тековната сезона одигра 14 натпревари на кои постигна еден гол и четири асистенции. За него е битно да се спомене дека ова лето го одби Ливерпул кој инсистираше да го донесе на „Енфилд Роуд“.

Ричи оваа сезона има 13 настапи и една асистенција за Торино и за него се зборува дека Јувентус има сериозни намери исто така уште оваа зима.

ПретходноЛШ: Миовски и Џирона потопени во Ајндховен, Ристовски и Адеми славеа во Братислава (ВИДЕО)
СледноАтанасов по поразот: По не знам којпат ни се случува ова сезонава!