Работнички убедливо поразен и во Сараево

42

Работнички го запиша четвртиот пораз во АБА2-лига. Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив беше поразен и на втората средба со Босна, овој пат на гостински терен беше совладан со убедливи 84-58 во меч од четвртото коло.

Полутак со 19 поени беше прв стрелец, зад него беше Дубински со девет гола, по еден помалку имаа Робев и Ефремовски.

Домаќинот дојде до триумфот благодарение на одличната игра во втората четвртина кија ја доби со 21-5, на одморот имаше позитива од 46-21. До крајот не се промени резултатот иако кошаркарите на Работнички одиграа на многу повисоко ниво. Негативата беше голема, а времето кратко за било што.

ПретходноАтанасов по поразот: По не знам којпат ни се случува ова сезонава!
СледноАморим ќе донесе нов дефанзивец на „Олд Трафорд“