Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски и неговата Валенсија ја запишаа првата победа оваа сезона во Ла Лига. Тимот на нашиот чувар на мрежата на гостински терен дојде до минимален триумф против Алавес од 0-1 во рамките на шестото коло. Овој резултат доѓа после смената на тренерот и директорот на клубот. Новиот привремен тренер на Валенсија е Оскар Санчес.
Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Луис Риоха кој ја погоди мрежата на противникот во 78. минута. Претходно на стартот на првото полувреме ВАР поништи гол на Валенсија.
Столе на овој натпревар беше најдобар во составот на неговиот тим.
После шест одиграни кола, Валенсија има скор од победа, реми и четири порази, односно четири освоени бодови.










