ВМФЛ: Охрид пред лесни три бода на Чаир

0
ФОТО:.facebook.com/gfkohrid

Денеска и утре, сите од 13.30 часот, на програмата се мечевите од 10.коло во ВМФЛ. Лидерот Охрид не би требало да има проблеми да впише нови три бода ако се знае дека гостува денеска на Чаир кај Шкупи, тим кој што досега не освол ниту еден бод. Исто така денеска играат Брера – Новаци и Еуромилк – Кожуф.

Утре се играат четири средби. Во Скопје, во Ѓорче и Маџари, се играат два меча и тоа Македонија – Осогово и Работнички – Беласица. Тимот од Градски парк е под притисок. Му треба победа за да и натаму држи чекор со водечките Охрид и Пелистер, иако има меч помалку. Кога сме Пелистер овој тим игра дома со Детонит а во соседското дерби во Камењане, играат Камјани и Тетекс.

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – САБОТА (13.30 Ч)

Скопје: Еуромилк – Кожуф

Струмица: Брера – Новаци

Скопје: Шкупи – Охрид

НЕДЕЛА (13.30 Ч)

Камењане: Камјани – Тетекс

Битола: Пелистер – Детонит

Скопје: Македонија ЃП – Осогово

Скопје: Работнички – Беласица

ТАБЕЛА

Охрид 22, Пелистер 21, Работнички (-1) 18, Брера (-1) 15, Камјани 14, Тетекс 13, Беласица 13, Македонија ЃП 11, Кожуф 10, Детонит 9, Новаци 8, Еуромилк 7, Осогово 6, Шкупи 0

ПретходноМа каква пензија: Нестварен потег на Стеф Кари против Дончиќ (ВИДЕО)