Англискиот премиерлигашки судија Дејвид Кут е суспендиран, откако во текот на денот на социјалните мрежи се појави видео во кое судијата во личен разговор со пријател го нарекува поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп „шу*ак“.
Тој исто така го нарече и Ливерпул „ср*ње тим“. Поради ова фудбалската асоцијација на Англија одлучи Кут да биде суспендиран се додека ситуацијата подетално не се истражи.
Навивачите на Ливерпул се гневни бидејќи сметаат дека во изминатите неколку години Кут својата омраза кон „црвените“ ја покажа и долу на теренот, оштетувајќи го Ливерпул во неколку ситуации. Една од највпечатливите беше ситуацијата од сезоната 2020/21, кога на градското дерби со Евертон голманот на „сините“ од Ливерпул, Џонатан Пикфорд, тешко го повреди Вирџил Ван Дајк со страшен старт во шеснаесетникот, а Кут не сакаше да му даде црвен картон на Пикфорд.










