Бесар Гуџуфи ќе игра за Албанија

4239

Наместо во хотел и на прозивка на Канатларовски на најновиот У21 камп за Македонија, членот на Шкупи, Бесар Гуџуфи замина за Албанија и ги промени националните бои.

Некогашниот голем талент на Вардар, и момчето кое што направи сензационален трансфер од Беласица во турски Бешикташ заминува да игра за Албанија како продожение на десетина фудбалери и репрезентативци на кои Македонија им даде се.

Од статус на репрезентативци до првотимци во нашите најдобри клубови за да на крајот, заминат за Албанија поздравувајќи се со една обична СМС порака.

„Јас одлучив да играм за Албанија“ е пораката која што ја прати денеска напаѓачот на Шкупи откако цели десетина часа се очекуваше да се појави во У21 кампусот на Македонија. Наместо тоа, да го исполни ветувањето дадено синоќа!? во кое тој вели доаѓам изутрина во хотел, Гуџуфи одлучи да и заврти грб на Македонија и да замине во Албанија.

Следен по Фета Фетаи, Демири, Асани, Сефери, Зејнулаи…..

Еден куп наши младински репрезентативци решија да заиграат за Албанија. Последен во редот беше Фета Фетаи кои пред да замине од Работнички во Локомотива во Хрватска и кажа дефинитивно збогум на Македонија, а претходно на таков потег се одлучија и ЈАсир Асани, Тауњан Сулејманов (Сефери), Бесир Демири….

 

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Ване не сакаше да се радува на голот, ама сепак се израдува на победата!
СледноФункционалноста е достапна само на бензинските станици на ЛУКОИЛ