Македонската фудбалска репррзентација денеска го означи собирот за претстојните два дуели, воедно и последни од тековната Лига на Нациите.
На програмата се мечевите против Летонија на 14 односно 17 против Фарски Острови. Наша цел секако се две победи и освојување на првото место во групата. Во тоа се согласува и дефанзивецот Никола Серафимов кој последниот период е неизоставен дел од А селекцијата.
„Последен собир од овој циклус, она што го планиравме до сега, го исполниме, се надевам дека така ќе биде и по овие два дуели. Уште на стартот на оваа кампања кажав дека нашата цел е прво место на табелата. И тогаш и сега велам дека нема фаворити, дека мора се да се покаже на терен. По оној меч на Фарски каде што одигравме 1:1 некои работи се промени и истите тргнаа на подобро. Што мислам под тоа? Се променија некои работи во однос на играта. Не мислам на залагањето затоа што секој што доаѓа тука дава секогаш максимум. Мислам дека се смени менталниот склоп, да се одигра она што е договрено и да се исполнат задачите. Што се однесува до противниците, според мене не треба да се размислува за нив, туку на нашата игра. Игравме против Фарски, на гости и мислам дека тоа е тим кој има своја филозофија. Препуштаат противникот да игра, а се обидуваат пркеу контри. И прекини секако. На тоа мора да се обрне внимание овојпат. Летонија исто така е добар тим, добри играчи за врска, но реално ние мора да ја покажеме својата моќ, капацитет и сила на дуелот со нив„ – изјави Никола Серафимов.










